Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генерали на американската армија му пренеле дека експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку 78 лица, е предизвикана од „некој вид на бомба“.

https://twitter.com/i/status/1290778973060894720

„Се сретнав со некои од нашите големи генерали и изгледа дека тие мислат дека тоа не е настан предизвикан од некаква фабричка експлозија… Се чини дека тие мислат дека станува збор за напад. Тоа било еден вид на бомба“, рече Трамп.

Неколку либански официјални лица претходно изјавија дека експлозијата во магацин во пристаништето во Бејрут најверојатно била предизвикана од 2.750 тони амонијак нитрат, кој се чувал непрописно повеќе години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.