Во последните 24 часа во светот над 270.000 нови случаи на коронавирус

Во светот во последните 24 часа се регистрирани вкупно 278.291 нови случаи на коронавирус, а починале 6.815 лица, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Според податоците за петок, во светот досега се потврдени 18,9 милиони случаи, а повеќе од 709 илјади починале.

Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци објавени од земјите.

Наведено е дека Јужна и Северна Америка имаат најмногу потврдени случаи од почетокот на епидемијата, повеќе од 10,1 милиони.

Во Европа се потврдени повеќе од 3,5 милиони случаи, а 215.640 илјади починале. Вчера биле регистрирани повеќе од 25.000 нови случаи, а 416 починале.

Во Југоисточна Азија се регистрирани 2,4 милиони случаии повеќе од 50.000 починати.

Најголем број случаи има во САД, Бразил, Индија, Русија, Јужна Африка, Мексико, Перу, Чиле, Колумбија и Иран.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.