Отворени училиштата во неколку американски држави

На почетокот на учебната година, децата во неколку американски држави се вратија во училиште, дури и таму каде што коронавирусот сè уште е активно присутен.

Уште во првата учебна недела, најмалку 260 ученици и осум наставници од една приградска област во Атланта, биле ставени во карантин, откако повеќе ученици и наставници биле позитивни на тестовите за Ковид-19.

Во САД училиштата започнуваат со работа во текот на август, а се појавија поделби во мислењата дали треба да бидат отворени или не бидејќи епидемијата е сè уште многу застапена во земјата.

Поголемите градови, вклучувајќи ги Чикаго, Хјустон, Лос Анџелес и Мајами, се одлучија за виртуелна настава.

Гувернерот на државата Њујорк, кој беше во фокусот на епидемијата оваа пролет, но успеа да го ограничи нејзиното ширење, вчера рече дека училиштата можат да започнат со работа во области каде стапката на позитивни лица на направени тестови е под 5 проценти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.