Трамп потпиша серија уредби за да им помогне на невработените

Доналд Трамп потпиша серија уредби за помош на невработените поради пандемијата. Претседателот на Соединетите држави нареди дека секоја невработена личност ќе добива по 400 долари неделно.

 

„Не мислевме дека ќе биде неопходно затоа што верувавме дека демократите ќе бидат разумни. Но, не само што се неразумни, нивните барања се апсурдни. Помошта влегува во сила ретроактивно, од 1 август и ќе продолжи до крајот на 2020 година “, рече Трамп.


Трамп ги потпиша уредбите, заобиколувајќи го Конгресот во Вашингтон. Европратениците со недели расправаат за тоа како да изгледа помошта за погодените. Демократите сакаат тоа да биде повеќе, а републиканците се залагаат за помал пакет. Според законот, Трамп нема право да го заобиколува Конгресот за трошење федерални пари. Сепак, тужбата против неговите уредби може да трае со месеци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.