Во Грција јавните собири ограничени на 50 луѓе

Грција од денеска воведе привремена забрана за собирање на повеќе од 50 лица на јавни места, а рестораните и баровите во Атина и во други градови мора да бидат затворени до полноќ за да се спречи зголемувањето на бројот на лица заболени од Ковид-19.

Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалијас рече дека ограничувањето на јавните собири ќе биде на сила до 24 август, и дека е воведено во делови од земјата каде се зголемува бројот на заразени лица.

Претходно, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги замоли младите да носат маски, потсетувајќи ги дека не се имуни на новиот вирус и дека можат да ги заразат нивните семејства.

Мицотакис истакна дека неодамнешните податоци покажале оти болеста Ковид-19 започнала да се шири кај помладата популација и ги замоли оние што се враќаат од одмор во поголемите урбани центри да носат маски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.