Во Франција рекордни 8.975 нови случаи на коронавирус

Француските здравствени власти соопштија дека денеска се потврдени 8.975 нови случаи на Ковид-19, што е дневен рекорд откако коронавирусот започна да се шири во Франција на крајот на зимата.

Бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците расте шести ден по ред и сега е 4.671, што е сè уште далеку под рекордните 32.292 лица од 14 април.

Во Франција од коронавирусот досега починаа 30.686 лица во Франција, а 309.156 заболеле.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.