Во Колумбија убиени 63 припадници на ЛГБТИ заедницата

Во првите осум месеци од годинава, 63 припадници на ЛГБТИ заедницата се убиени во Колумбија, соопшти Канцеларијата на државниот заштитник на човековите права, а бројот на напади врз хомосексуалци, бисексуалци, лезбејки и трансродови лица се зголемил.

Меѓу убиените имало 17 трансродови жени, 12 хомосексуалци, шест лезбејки и една трансродова жена, а сексуалната ориентација на другите жртви не е позната, но се знае дека се членови на ЛГБТИ заедницата.

Од почетокот на годината до септември, полицијата регистрирала 388 напади врз припадници на ЛГБТИ заедницата, што е значително повеќе отколку во текот на целата 2019 година, кога биле пријавени 309 напади, пренесува Ројтерс.

Бранителот на човековите права изјави дека особено загрижува фактот што во 36 случаи биле обвинети полицајци за нападот врз членови на ЛГБТИ заедницата.

Тој ја повика владата да направи конкретен план за запирање на овие напади и спречување на институционалната дискриминација што ја погодува ЛГБТИ заедницата во сите области.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.