По две недели од почетокот на наставата во Србија, 52 ученика заболеле од Ковид-19
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 16 Септември 2020
Во првите две недели од почетокот на наставата во основните и средните училишта во Србија, вкупно 52 ученици и 20 вработени се заразиле со коронавирус, соопшти министерот за образование Младен Шарчевиќ.
Тој прецизира дека во 1.250 основни училишта во Србија заболеле 25 ученици, од кои шест ученици не оделе на училиште.
Во Белград заболеле 16 ученици, а има спорадични случаи и во Сомбор, Нови Пазар, Зајечар, Врање, Ниш, Лесковац. Во основните училишта биле заразени седум наставници.
Шарчевиќ додава дека станува збор за спорадични случаи, имајќи предвид дека има околу 850.000 ученици во училиштата во Србија.
Министерот изјави дека училиштата се најбезбедно место каде можноста за пренесување на вирусот е многу помала отколку во парковите и спортските терени каде децата обично се дружат надвор од училиштето.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс