Зеленски повторно исклучува избори во Донбас

Украина нема да одржи избори во Донбас сè додека не ја врати контролата над регионот, украинскиот претседател Владимир Зеленски му рече на  претседателот на Националниот совет на Австрија (Долниот дом на парламентот) Волфганг Соботка, пренесува ТАСС.

„Владимир Зеленски и претседателот на парламентот на Австрија одржаа детална дискусија за прашањата за одржување на изборите на териториите на Донбас кои се привремено надвор од владината контрола.

Украинскиот претседател рече дека одржувањето на овие избори ќе биде невозможно се додека не се повлечат странските трупи и нелегалните вооружени групи и Украина не ја врати контролата. Освен тоа, изборите мора да бидат фер и транспарентни, со запазени сите меѓународни стандарди “, соопшти прес-службата на украинскиот лидер.

Соботка, пак, рече дека Австрија поддржува решавање на источноукраинскиот конфликт преку преговори во форматот Нормандија, вклучувајќи ги Германија, Русија, Украина и Франција. Пакетот мерки за спроведување на договорите од Минск, потпишан на 12 февруари 2015 година, е основа за сите мировни преговори во Донбас.

Кон крајот на 2015 година, тогашниот германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, изнесе план кој подоцна стана познат како „формулата на Штајнмаер“.

Планот предвидува да му се додели посебен статус на Донбас во согласност со договорите од Минск. Документот пред се предвидува специјалниот закон на Украина за локална самоуправа да стапи на сила во одредени области на регионите Доњецк и Луганск на привремена основа на денот на локалните избори, станувајќи постојан откако ОБСЕ ќе објави извештај за резултатите од гласањето.

Идејата беше одобрена на состанокот на Нормандиската четворка во Париз на 2 октомври 2015.

Неодамна Киев повикуваше на ревидирање на договорите од Минск. Зеленски зборуваше за промена на редоследот на активности - конкретно во врска со предавањето на граничната контрола на Украина и спроведувањето на локалните избори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.