(Видео) Мртви птици ги преплавија улиците во руски град

Разни теории на заговор предизвикаа фотографиите и видеата објавени од мртви птици кои паѓаа на улиците на рускиот град Балаково.

Овој град на околу 1.000 километри јужно од Москва е познат по големата нуклеарна електрана, што дополнително поттикна разни теории за причината за овој инцидент, пишува „Раша тудеј“.

На снимката се гледа како голем број мртви птици се расфрлани по улиците на градот, а населението го коментираше необичниот настан на социјалните мрежи.

Додека некои укажуваа на природните феномени, како што се силниот ветер или случајниот судир на две јата, други шпекулираат дека ова се должи на огномет, фабриките, па дури и 5G - иако последната генерација на телекомуникациска мрежа сè уште не се појавила во Русија.

„На почетокот на ТВ-серијата 'Чернобил' сите птици умреа“, гласи еден од коментарите.

Ветеринарниот оддел во градот во моментов го истражува инцидентот, а некои сугерираат дека смртните случаи може да бидат поврзани со птичји грип.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.