Австрискиот министер за здравство ги повика родителите да ги вакцинираат децата против грип

Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер ги повика граѓаните да ги вакцинираат своите деца против сезонски грип.

„Децата на возраст под десет години, според сегашните информации, не се оние кои го шират коронавирусот, но различно е кога станува збор за грип. Децата се мотор на класичниот бран на грипот“, истакна тој.

Аншобер изјави дека децата можат сериозно да се разболат, како и дека имало смртни случаи во последните години.

Годинава, за прв пат, Австрија нуди бесплатни вакцини против грип, како дел од програмата за вакцинирање на деца.

Вакцината против грип, подвлече Аншобер, служи не само за индивидуална заштита туку и против ширење на болеста.

Вирусологот од медицинскиот универзитет во Виена, Урсула Видерман-Шмит, посочи дека од грип заболуваат од 450 000 до 1,3 милиони Австријци годишно.

Според неа, секоја година во Австрија има меѓу 500 и 1.000 жртви на групни бранови.

„Годишната стапка на хоспитализација на деца е потценета“, рече таа.

Со бесплатната вакцинација австриските власти се обидуваат да го убедат населението да ја прифати вакцината за да не се „сретнат“ грипот и коронавирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.