Кинески милијардер го критикуваше претседателот за коронавирусот, осуден на 18 години затвор

Кинески милијардер кој го критикуваше претседателот Шји Џјинпинг за неговиот начин на борба против коронавирусот е осуден на 18 години затвор за корупција, пишува Си-ен-ен.

Рен Џикјанг (69), кој стана познат по тоа што зборуваше за цензура и други чувствителни теми, исчезна од јавноста во март откако објави есеј на интернет, обвинувајќи го Шји за лошо справување со епидемијата што почна во декември во градот Вухан.

Судот во Пекинг го прогласи Рен за виновен по повеќе обвиненија, вклучително и проневера на 16,3 милиони долари на некои јавни средства, примање мито и злоупотреба на службената положба со што ѝ нанел штета на државата од 17,2 милиони американски долари - тој поседувал компанија за недвижнини на чие чело некогаш бил.

Судиите го осудија на 18 години затвор и му изрекоа парична казна од 620.000 долари.

Судот соопшти дека тој доброволно ги признал сите свои злосторства.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.