Руски медиуми: Урнатиот „сухој“ вреден 50 милиони долари по грешка соборен

Ловецот „сухој -30“ вреден 50 милиони долари се урна во централна Русија, а локалните медиуми пренесуваат дека по грешка го соборил друг авион за време на воени вежби.

Двајцата пилоти безбедно се катапултираа, пренесе РТ.

Од Западниот воен округ на Русија е соопштено дека авионот се урнал во Тверскиот Регион, а дека пилотите се пронајдени во „задоволувачка“ состојба.

Војската не открила многу за инцидентот, а локалните медиуми пренесуваат дека ловецот најверојатно бил соборен.

Прелиминарните резултати укажуваат на тоа дека „сухој-30“ по грешка го погодило друго летало за време на воени вежби, рекол анонимен извор од брзата помош во Тверската област за агенцијата ТАСС.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.