(Видео) Внукот на Пабло Ескобар во ѕид пронајде 18 милиони долари, но не може да ги употреби

Внукот на покојниот лидер на колумбискиот наркокартел Пабло Ескобар открил 18 милиони долари, објави во средата мрежата „Red Mas Noticias“.

Николас Ескобар изјави дека парите биле скриени во ѕидот од куќа во Меделин, градот во кој Пабло Ескобар имал седиште.

Внукот раскажа дека парите се наоѓале во смрдлива пластична кеса. Сепак, банкнотите стари со децении биле во толку лоша состојба што се неупотребливи.

Во торбата имало и грутка злато, комуникациски уреди, записи, машина за пишување, пенкало и камера со филм што не може да се развие.

Приказни за скривалиштата на Ескобар сè уште кружат во Меделин.

Никола Ескобар, кој е горд на својата врска со наркобосот, рече дека веќе пронашол неколку скривалишта.

Еден од најбогатите криминалци во историјата, Пабло Ескобар, имал милијарди долари годишен приход.

Обвинет за околу 6.000 убиства, водачот на наркокартелот беше убиен во 1993 година, на 44-годишна возраст во Меделин.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.