Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу Израел и арапските земји, претставувајќи се пред гласачите дека воспоставува мир и критикувајќи ги водечките американски медиуми дека не известуваат за тоа.

„Косово и Србија се убиваа многу години, тие едноставно се убиваа, не се сакаат, како Израелците и Палестинците. Ние тргуваме со двете страни, така што имаме одредена моќ. Им реков, ајде да склучиме договор и да создадеме економски мир и мир воопшто. Дојдоа во мојата канцеларија да потпишат. Тие се прегрнаа, беше прекрасно да се видат. Спасивме многу животи“, рече синоќа Трамп.

Минатата недела, на предизборен митинг во Северна Каролина, Трамп исто така рече дека ја заслужува Нобеловата награда за мир затоа што успеал да запре „масовни убиства меѓу Србија и Косово“.

„Ги сопревме масовните убиства меѓу Косово и Србија. Тие се убиваа толку многу години. Ќе престанат да убиваат. Знаете, тоа го правеа стотици години, иако под различни имиња", рече Трамп.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, се обврзаа да ги нормализираат економските односи на 4 септември во Белата куќа.

За постигнување на тој договор, шведскиот пратеник Магнус Јакобсон ги номинираше владите на САД, Србија и Косово за Нобеловата награда за мир следната година.

За Нобеловата награда за мир во 2021 година, Трамп ѓбеше номиниран од норвешкиот десничар Кристијан Тибринг-daеда, за посредување во воспоставувањето на односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.