Кремљ за конфликтот во Нагорно Карабах: Продолжуваме да ја следиме ситуацијата, веднаш да престанете со воените дејства

Повикуваме на итен прекин на огнот во Нагорно Карабах и целиот процес да се пренесе во политички и дипломатски текови, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Продолжуваме внимателно да ја следиме состојбата во регионот, сметаме дека борбените операции треба веднаш да се запрат и процесот на регулирање на конфликтот како таков, како и последиците од последната ескалација, да се пренесат во политичките и дипломатските текови“, рече Песков.

Тој додаде дека ситуацијата на линијата на раздвојување во Нагорно Карабах е причина за голема загриженост на Москва и многу други земји.

„Од првиот час кога се случи ескалацијата, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров беше во контакт со неговите колеги и во Ереван и во Баку. „Покрај тоа, на иницијатива на ерменската страна, рускиот претседател Владимир Путин вчера разговараше со премиерот на Ерменија“, додаде Песков.

На новинарско прашање дали Кремљ верува дека ескалацијата на конфликтот во тој регион е намерно предизвикана со цел за одредено влијание врз Русија, Песков одговори негативно.

Конфликтот вчера продолжи во регионот Нагорно Карабах. Двете страни, Азербејџан и Ерменија, меѓусебно се обвинуваат за ескалација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.