Полицијата во Каталонија “бомбардирана“ со свински глави поради смената на регионалниот претседател

По одлуката на шпанскиот Врховен суд да ја поддржи суспензијата на регионалниот претседател Квим Тора, стотици демонстранти излегоа на улиците, од кои дел ја нападнаа силно вооружената полиција со свински глави, пренесува РТ.

Протестите беа организирани од Комитетите за одбрана на Републиката, а приврзаниците ги исполнија улиците на каталонскиот регионален главен град за да ја изразат својата огорченост од одлуката и зголемениот гнев поради справувањето со пандемијата на Ковид-19 од страна на Мадрид.

Кога демонстрантите стигнаа до Канцеларијата на јавниот обвинител, беа запрени од бариера подигната од полицијата, „Мосос д’Есквадра“, по што тие започнаа да ги бомбардираат полицајците со исечени свински глави. Локалните медиуми објавија дека имало најмалку пет уапсени за време на маршевите.

Запалени биле контејнери за отпадоци, а демонстрантите присилно ги отвориле и портите на паркот „Сиутадела“, кој беше затворен од 16 часот попладне во понеделникот. Свински глави беа оставени и пред Министерството за правда.

Во меѓувреме, Тора привремено ќе биде заменет од неговиот потпретседател, Пере Арагонес, сè додека не се одржат изборите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.