Александар де Кроа e новиот премиер на Белгија

Кралот Филип од Белгија го назначи Александар де Кроа (44) за премиер, по договорот за коалиција меѓу седум партии.

Со ова заврши 16-месечен период без целосно функционирање на владата.

Според белгиските медиуми, Де Кроа, лидерот на Отворените фламански либерали и демократи и актуелен министер за финансии, ќе ја предводи владата на таканаречената коалиција Вивалди до 2024 година, пренесува порталот „Политико“ и додава дека тој доаѓа на местото на в.д. премиерката Софи Вилмес.

The wait is over.

Belgium has a new prime minister: Flemish liberal Alexander De Croo. https://t.co/0z2x6DmxLs

— POLITICOEurope (@POLITICOEurope) September 30, 2020

Седум партии, вклучително и социјалистите и зелените, се согласија за неговото назначување рано утрово, во последен момент по преговорите за најконтроверзното прашање - буџетот.

Новата федерална влада ќе има на располагање 3,3 милијарди евра за нови политики, 2,3 милијарди за социјални мерки и една милијарда за безбедност, правда и одбрана.

Според договорот, дополнителни 1 милијарда евра ќе бидат издвоени за нови инвестиции за дигитализирање на јавните органи, особено за судството и безбедноста и за железниците.

Партиите ќе имаат време да одлучат за договорот вечерва на партиските конгреси, а церемонијата на положување заклетва се очекува во четврток наутро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.