Вртоглаво расте бројката на заразени во Италија, Конте ќе објави нови мерки

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во недела ќе објави уште една серија мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, соопшти неговиот кабинет.

Во таа земја, во последните 24 часа се пријавени 10.925 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на нови инфекции од почетокот на пандемијата. Уште 47 лица починаа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 36.474.

Од кабинетот на премиерот соопштиле дека владата за новите ограничувања разговара со локалните и здравствените власти, со цел да се запре ширењето на инфекцијата, пренесува „Ројтерс.

Италија беше европска земја погодена од Ковид-19 и до летото успеа да ја исконтролира епидемијата благодарение на строгата двомесечна блокада, односно прекинување на движењето и деловната активност. Но, бројот на заразени започна повторно вртоглаво се зголемува во последните неколку недели.

Министрите изјавија дека нема да има нови карантин, но рекоа дека се разгледуваат голем број алтернативни мерки насочени кон намалување на социјалните контакти.

Челникот на регионот Лигурија, Џовани Тоти, напиша на „Фејсбук“ дека владата планира да ги повика училиштата за измени во моделите за класична и онлајн настава, а компаниите да им овозможат на своите вработени да работат од дома што е можно повеќе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.