Во Бугарија голем раст на бројот на новозаразени со коронавирус

Властите во Бугарија потврдија дека во последните 24 часа биле откриени 395 нови позитивни случаи на Ковид-19 од вкупно извршени 1.581 тест.

Бројот на новозаразени во однос на бројот на тестирани речиси е двојно зголемен во споредба со претходниот ден, со 13,1 процент на дури 24,98 проценти.

Од почетокот на пандемијата во Бугарија се потврдени вкупно 29.503 случаи на Ковид-19, оздравени се 16.943 лица, во моментов има активни 11.574 случаи, а починале вкупно 986 ​​лица, пренесува бугарската агенција БТИ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.