Во Хрватска рекордни 1.867 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 1.867 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е 8.394.

Меѓу нив, 716 пациенти се во болница, од кои 49 се на апарати за дишење. Починале седум пациенти.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 31.717 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 413 починале, вкупно 22.910 оздравеле, од кои 846 во последните 24 часа.

Во моментов има 25.889 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 428.961 лице, од кои 7.313 во последните 24 часа.

Вчера беа потврдени 1.563 нови случаи, а завчера 1.424.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.