Ердоган потврди дека Турција тестирала руски систем С-400

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека Турција го тестирала системот за противвоздушна одбрана С-400 што го купила од Русија, додавајќи дека забелешките на САД во врска со ова прашање се неважни.

Вашингтон тврди дека набавката на руски системи С-400 од страна на Турција ја компромитирала одбраната на силите на НАТО и се закани со санкции кон Анкара.

Турските вооружени сили го тестираа С-400 на северот од земјата, во близина на градот Синоп, од 13 до 17 октомври, што предизвика лута реакција од Вашингтон, пренесува РИА Новости.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.