САД со најголем број заразени од почетокот на пандемијата

Во САД се регистрирани рекордни над 80.000 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа.

Претходниот рекорд беше на 16 јули, кога за еден ден беа потврдени 77.362 нови случаи.

Во болниците низ САД има повеќе од 41.000 пациенти, што е најголем број од 20 август досега.

Бројот на смртни случаи исто така расте, а за еден ден починале уште 856 лица.

Според информациите на универзитетот „Џонс Хопкинс“, од почетокот на епидемијата во САД биле заразени вкупно 8.491.459 лица, од кои 223.975 починале.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.