Меркел им порача на граѓаните да ги намалат контактите и патувањата

Германската канцеларка, Ангела Меркел, им порача на своите сонародници да ги ограничат социјалните контакти и да го сведат патувањето на минимум, откако беше потврдено најголемото дневно зголемување на бројот на новозаразени во земјата.

„Ако граѓаните на Германија не ги намалат контактите, сите ќе се соочиме со големите предизвици што ги претставува овој вирус “, рече канцеларката.

Иако не е погодена од пандемијата како некои други европски земји, дневниот пораст на бројот на новозаразени во Германија продолжува да расте.

Минатата недела, Германија за прв пат објави дека коронавирусот е потврден кај повеќе од 10.000 луѓе за еден ден, а денес тој број е 14.714, што е највисок биланс во земјата.

Од почетокот на епидемијата, во Германија биле заразени 418.005 лица, додека починале 10.003 пациенти.

Германскиот министер за здравство, Јенс Спан, е последниот истакнат политичар од оваа земја кој има позитивен тест за коронавирус.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.