На Балакнот денеска рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата.

Во Србија рекордни 757 новозаразени

Во последните 24 часа, рекордни 757 лица во Србија се заразиле со коронавирус, од 6.882 направени тестови.

Починале уште три лица. Според последните податоци на Министерството за здравство, има 23 пациенти на респиратори во здравствени установи низ целата земја.

Денешните податоци покажуваат скок на бројот на новозаразени за 178 пациенти во споредба со вчера, кога беа тестирани 8.209 лица, 579 беа позитивни, а тројца починаа.

Нов црн рекорд во Хрватска – новозаразени над 2.000 луѓе

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани рекордни 2.242 нови случаи на зараза со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 9.745.

Меѓу нив, 731 пациент е во болница, од кои 52 се на апарати за дишење, пишува Индекс.

Починаа 16 лица.

Рекорд на новозразени за еден ден има и во БиХ - 1.251

Во Босна и Херцеговина регистрирани се рекордни 1.251 новозаразени со коронавирус.

Починале 10 пациенти.

1.963 новозаразени во Словенија

Во Словенија, во последните 24 часа биле потврдени 1.963 нови случаи на зараза со коронавирусот, 300 повеќе од претходниот ден, а 18 лица починале.

Ова е нов црн рекорд за бројот на нови случаи и бројот на смртни случаи досега во Словенија.

Голем е бројот на новозаразени и во Бугарија, каде денеска беа регистрирани 1.589 нови случаи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.