Борисов на домашно лекување од коронавирус, се чувствува истоштено

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, кој од дома се лекува од коронавирус, изјави дека болеста нема да го спречи да ја извршува својата работа, иако се чувствува истоштенo.

Борисов (61) во порака на „Фејсбук“ рече дека нема никакви промени во неговата здравствена состојба, објави „Ројтерс“.

„Лекарите ме третираат како и секој Бугарин кој останал на домашно лекување. Убеден сум дека нашето општество, предводено од бројни експерти, од кои некои се најдобри во светот, успешно ќе го поминат ова искушение. Следете ги пропишаните мерки и бидете безбедни“, им порача Борисов на своите сонародници преку социјалната мрежа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.