Лавров: Русофобните земји на ЕУ се пречка за зајакнување на руско-хрватските односи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека русофобните земји од ЕУ и санкциите се пречка за понатамошно зајакнување на руско-хрватските односи.

„Санкциите или, подобро кажано, виорот на санкции што го промовираат Брисел и бројни русофобни земји во рамките на ЕУ по директна наредба на Вашингтон, продолжуваат да бидат сериозна пречка за натамошно зајакнување на руско-хрватските врски. Неодамна, ваквата антируска линија стана многу поактивна", рече Лавров во интервју за загрепски „Вечерњи лист“.

Тој така одговори на прашањето што доведе до ќор-сокак во руско-хрватските односи и кои се препреките за да се  подобри соработката на ниво што го имаат Словенија или Србија.

Лавров, сепак, рече дека нема да ги квалификува билатералните односи како ќор-сокак, потсетувајќи на низата состаноци што ги имаше со хрватските власти во последните неколку години, како и на економската соработка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.