Доналд Трамп Џуниор е позитивен на коронавирус

Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп е позитивен на коронавирус, соопшти неговиот портпарол.

Доналд Трамп Џуниор (42) се наоѓаше во карантин во неговата ловна кабина се до резултатите од тестот, рече портпаролот.

„Тој досега беше целосно асимптоматски и ги следи сите медицински препораки за Ковид-19“, се вели во соопштението.

Дон Џуниор е втор од децата на претседателот кој има позитивен тест. Предд него, минатиот месец позитивен на Ковид-19 беше и најмладиот син, Барон Трамп (14), кој брзо закрепна.

Дон Џуниор одиграголема улога во претседателската кампања на неговиот татко. Се појавија дури и шпекулации дека е заинтересиран да се кандидира за Белата куќа.

Неговата партнерка, Кимберли Гилфојл, поранешна водителка на „Фокс њуз“, во јули бил позитивна на тестот за болеста, а исто така се опорави. Дон Џуниор очигледно не се заразил со инфекцијата во тоа време.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.