Гејтс: Деловни патувања нема да има ниту по пандемијата

По завршувањето на пандемијата ќе има дури 50 проценти помалку службени патувања од претходно, а ќе се зголеми процентот на оние кои работат од дома, прогнозира Бил Гејтс.

Тој за „Бизнис инсајдер“ изјави дека по пандемијата ќе има и 30 проценти помалку канцелариска работа.

Основачот на „Мајкрософт“ смета дека фирмите ќе го подигнат прагот за деловни патувања по здравствената криза, а приватните состаноци ќе се одржуваат ако навистина се итни.

„Мајкрософт“ минатиот месец најави дека ќе откаже половина од своите деловни летови по пандемијата, како и дека е многу малку веројатно дека вработените во таа компанија ќе доаѓаат на работните места, односно почесто ќе работат од дома.

Воведување на сличен хибриден модел веќе најавија и други технолошки компании како што се Твитер и Фејсбук.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.