Трамп среде Г-20 самитот отиде да игра голф

Американскиот претседател, Доналд Трамп, отиде да игра голф по краткото обраќање преку видео врска на самитот Г-20, чиј домаќин беше Саудиска Арабија, но се одржа виртуелно поради пандемијата.

Трамп, кој сè уште не го прифати поразот по изборната победа на Џо Бајден на претседателските избори на 3 ноември, зборуваше на почетокот на дводневниот виртуелен самит.

Трамп во обраќањето рекол дека направил апсолутно неверојатна работа за време на неговиот мандат на економски план и во пандемија.

„Ми беше чест да работам со вас и со нетрпение очекувам да соработувам со вас во иднина, и уште долго време“, рекол Трамп на состанокот кој беше затворен за медиумите, а пренесува извор кој имал пристап до говорите на учесниците.

Додека траело обраќањето на другите лидери, Трамп заминал да игра голф и бил заменет од министерот за финансии Стивен Мнучин, јавуваат американските медиуми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.