Трамп: Ќе биде тешко измамата да се докаже пред Врховниот суд

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека можеби ќе биде тешко пред Врховниот суд да ги изнесе своите тврдења за изборни измами.

Тој изрази сомнеж во својата правна стратегија, а надежите дека ќе го сврти изборниот резултат во своја корист се се помали, јави „Ројтерс“.

„Проблемот е во тоа што е тешко да се дојде до Врховниот суд“, рече Трамп денес во телефонско интервју за телевизијата „Фокс њуз“.

Трамп додаде дека ќе продолжи да се бори против резултатите од изборите, на кои за претседател беше избран кандидатот на демократите, Џо Бајден.

„Мојот ум нема да го помени ставот во следните шест месеци“, додаде Трамп.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.