Србија нема да го протера црногорскиот амбасадор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва се сретна со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, за да разговараат за потезите на српската дипломатија откако Црна Гора го протера српскиот амбасадор.

„Вчера побаравме амбасадорот Тарзан Милошевиќ да ја напушти територијата на Република Србија. Тоа го сторивме откако нашиот амбасадор беше прогласен за персона нон грата“, рече премиерката Ана Брнабиќ, додавајќи:

„Претседателот не покани мене и министерот Селаковиќ да се консултираме за оваа одлука на Владата - тој ја разбира и ја поддржува одлуката, ние реагиравме во согласност со Виенската конвенција, сосема нормално и природно“.

Сепак, како што посочи српската премиерка, Вучиќ побарал консултации за оваа одлука, врз основа на што е донесена нова одлука Србија еднострано да се повлече од протерување на црногорскиот амбасадор.

„Не сакаме да имаме таков непријателски чин кон Црна Гора, затоа ја донесовме оваа одлука денес. Жалам што во Црна Гора се почесто се менува вистината и се вели дека Србија била окупатор во Првата светска војна“, вели Брнабиќ.

Таа исто така изрази надеж дека ова ќе биде сфатено како дело на добра волја и изјави дека одлуката ќе биде повлечена уште вечерва.

Претседателот Вучиќ, без оглед на мерките за реципроцитет, откако Црна Гора го протера српскиот амбасадор, бара смирување на страстите, не само поради големиот број Срби во таа земја, но и поради положбата на Србите во регионот, пишуваат тамошните медиуми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.