Орбан: ЕУ и Германија ни земаат по шест милјарди евра годишно, а ни даваат четири

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека побогатите земји на ЕУ, предводени од Германија, од Унгарија земаат околу шест милијарди евра на годишно ниво, под различни изговори, додека Унгарија од буџетот на ЕУ добива четири милијарди евра.

Орбан одговори на Мартин Шулц, поранешниот шеф на германската Социјалдемократска партија и претседател на Европскиот парламент во периодот од 2012 до 2017 година, кој, како што изјави Орбан, со години ја напаѓал Унгарија затоа што земјата ги бранела своите граници и одбила да прифати мигранти.

Во меѓувреме, Унгарија и Полска остануваат на својот став дека владеењето на правото не може да биде услов за пристап до парите од европскиот буџет и европскиот план за обнова, освен ако не се смени основниот документ на Европска Унија.

Двете земји тврдат дека механизмот применува нејасни дефиниции и двосмислени термини без јасни критериуми врз кои би се засновале евентуалните санкции.

Несогласувањето со двете земји ги налути другите земји членки на ЕУ кои со нетрпение чекаат исплати од стимулативниот пакет за да им се помогне на економиите сериозно погодени од пандемијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.