САД: Осуден на смрт пред 20 години неможе да биде погубен бидејќи нема инекција
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 01 Декември 2020
Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инекција на осуденикот Ричард Бернард Мур (55) поради недостиг на инекции.
Официјални лица од затворот јавија дека не успеале на време да ја набават смртоносната супстанца.По повеќе одбиени молби за помилување, Мур требало да биде усмртен минатиот петок со вбризгување на смртоносна инекција.Тој е осуден на смрт пред повеќе од 20 години за убиство на работник за време на грабеж на продавница и од тогаш чека извршување на смртната казна.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс