Од 19 декември нови ограничувања на австриската граница

Новите ограничувања за влез во Австрија по престојот во една од таканаречените корона ризични земји ќе стапат на сила на 19 декември, соопшти МВР.

Мерката според која сите оние што се враќаат од земји со голем број на заразени лица, односно со двонеделен број на заразени лица над 100 на 100.000 жители, мора да биде во десетдневен карантин, ќе важи до 10 јануари.

Прекинувањето на десетдневниот карантин, според одлуката на Владата, е можно само по пет дена со негативен ПЦР-тест.

Министерството посочува дека задолжителниот карантин важи само за лице кое се вратило од патувањето, но не и за другите членови на семејството, иако тие живеат во исто домаќинство.

Со оваа мерка, австриската влада сака да ги спречи граѓаните од Западен Балкан и Турција да патуваат во нивните земји на потекло за време на божикните празници.

Острите мерки се однесуваат на сите, без оглед дали се австриски државјани или странци, велат од Министерството.

Само прекуграничните работници, како и лицата кои морале да патуваат поради работа, се ослободени од мерката задолжителен карантин, бидејќи сите соседни земји на Австрија се сметаат за корона ризични земји.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.