Бајден: Присуството на Трамп на инаугурацијата е важно за САД

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден изјави дека е важно претседателот Доналд Трамп да присуствува на инаугурацијата за да ја покаже посветеноста на нацијата за мирен трансфер на власта меѓу политичките ривали.

„Тоа е целосно негова одлука“, изјави Бајден синоќа за Си-Ен-Ен.

Бајден наведе дека одлуката на Трамп нема да има последици врз него, но важно е да присуствува поради САД.

Бајден изрази надеж дека Трамп ќе дојде на инаугурацијата и со тоа ќе им даде пример на демократските процеси на другите земји.

Опкружувањето на Трамп, кој тврди дека победил на изборите, изрази скептицизам дека претседателот ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.