Вакцината во Бугарија ќе биде бесплатна и на доброволна основа

Бугарија го усвои Националниот план за вакцинација против Ковид-19, пришто вакцината ќе биде бесплатна за граѓаните.

Планот го изработија здравствените служби, а користени се упатствата на СЗО, изјави министерот за здравство, Костадин Ангелов.

Првата фаза на вакцинирање ги вклучува медицинскиот персонал, стоматолозите, фармацевтите и другиот помошен персонал. Бројот на оваа целна група за вакцинација е 243.600 лица, од кои 30.000 се лекари, 10.000 стоматолози.

„Сите бугарски граѓани, во која група и да влегуваат, ќе бидат вакцинирани доброволно и по јасно потпишана согласност за вакцината што ќе ја изберат“, истакна бугарскиот министер, пренесе БГНЕС.

Втората целна група за вакцинација се бугарските наставници, а станува збор за 112.080 лица.

Трета група - вработени вклучени во активности за подрдшка на државата.

Четвртата група се возрасни на возраст над 65 години и лица со хронични болести. Очекуваната бројка е 1.800.000.

Петта целна група се ранливите категориии на граѓани.

Земјата е поделена на 6 области за вакцинација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.