Вакцината на „Модерна“ штити до три месеци

Вакцината против Ковид-19 на компанијата „Модерна“ произведува антитела кои траат 90 дена по вакцинацијата, што е добра вест додека нејзиното одобрување сè уште се тестира во некои земји, покажа студијата спроведена на 34 учесници во првичните клинички испитувања, објавена во медицинското списание „New England Journal of Medicine".

Времетраењето на заштитата е секако подолго од три месеци, но ова се првите податоци во повеќемесечен период кои се потврдени независно од научно списание.

Учесниците ќе бидат следени 13 месеци со цел да се испита заштитата на подолг период, посочуваат авторите.

Д-р Ентони Фаучи за АФП неодамна изјави дека е сигурен дека заштитата ќе трае, но дека не се знае дали ќе биде една, две, три или пет години. Времето ќе каже.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.