Вакцината „Спутник 5“ не предизвикува силни алергии, досега ја примиле 1,5 милион луѓе

Повеќе од 1,5 милион луѓе се вакцинирани со руската вакцина против ковид „Спутник 5“, објави Рускиот фонд за директни инвестиции.

„Повеќе од 1,5 милион луѓе веќе се вакцинирани со препаратот 'Спутник 5'. Вакцината не предизвикува сериозни алергии“, се наведува во соопштението на Фондот.

Александар Гинзбург, директор на Центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, претходно за „Спутник“ изјави дека повеќе од милион руски граѓани веќе ја примиле вакцината против коронавирус „Спутник 5“ и дека не се пријавени нови несакани ефекти.

Вакцината „Спутник 5“ е одобрена во Русија, Белорусија, Србија, Аргентина, Боливија и Алжир, а започната е постапка за регистрација на вакцината во Европската Унија.

Вакцината произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.