Околу 25 случаи на домашен тероризам отворени во САД по немирите во Конгресот

Околу 25 случаи на домашен тероризам беа отворени во САД по немирите предизвикани од приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп во зградата на Капитол, рече конгресменот Џејсон Кроу во неделата зборувајќи за активностите на Пентагон преземени во светло на немирите и мерките за безбедност со секретарот на армијата, Рајан Мекарти, пренесува ТАСС.

„Беа пронајдени пушки, молотови коктели и експлозивни направи, што сугерира дека за малку е спречена поголема катастрофа“, посочи тој, додавајќи дека се отворени најмалку 25 кривични случаи за домашен тероризам.

Во средата, приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот на САД за да ги запрат пратениците официјално да ги потврдат резултатите од неодамнешните претседателски избори во последен обид да го спречат демократот Џо Бајден да стане нов претседател.

За време на немирите, еден демонстрант беше застрелан. Покрај тоа, починаа уште три лица, нивните причини за смрт беа квалификувани како медицински итни случаи.

Инаугурацијата на Бајден е закажана за 20 јануари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.