ЕМА доби барање за одобрување на вакцината на „Астра зенека“ и „Оксфорд“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека добила барање за одобрување на вакцината против коронавирус на „Астра зенека“ и „Оксфорд“, прецизирајќи дека одлуката може да ја донесе на 29 јануари.

„ЕМА доби барање за одобрување за условно пуштање на пазарот на вакцината против Ковид-19, што ја развија 'Астра зенека' и Универзитетот 'Оксфорд'“, соопшти европската агенција со седиште во Амстердам.

ЕМА ја одобри вакцината на „Фајзер“ на 21 декември, а вакцината на „Модерна“ на 6 јануари.

Агенцијата најави дека ќе го забрза процесот на тестирање на вакцината и дека може да донесе одлука на 29 јануари, доколку доставените податоци се доволно цврсти и целосни.

Европската Унија и ЕМА се под притисок да го забрзаат одобрувањето на нови вакцини против коронавирусот, кој однесе повеќе од 620.000 животи на целиот континент.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.