„Фајзер“ произведе 70 милиони вакцини до крајот на минатата година

„Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бионтек“ произведоа над 70 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19 до крајот на 2020 година, изјави денеска извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Во интервју за Си-ен-би-си тој рече дека до последната седмица од 2020 година се произведени повеќе од 70 милиони дози и дека се дистрибуирани речиси 50 милиони дози бидејќи постоела контрола на квалитетот.

„Потоа произведовме уште вакцини во првата недела од јануари. Во моментот мислам дека дистрибуиравме 33 милиони дози. И да речеме, половина од она што го произведовме е на полиците“, рече Бурла, пренесе „Ројтерс“.

Германската фармацевтска компанија „Бионтек“, која заедно со американската компанија „Фајзер“ ја разви вакцината против вирусот, вчера соопшти дека очекува до крајот на годината да бидат произведени две милијарди дози.

Угур Сахин, извршен директор на компанијата, рече дека набргу ќе почнат да работат три фабрики за производство на вакцината во САД и три во Европа, со што двојно ќе се зголеми бројот на дози предвидени за оваа година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.