Во Хрватска 980 новозаразени со коронавирус, 45 починати

Во последните 24 часа евидентирани се 980 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 5.210.

Меѓу нив хоспитализирани се 1.921 пациент, од кои 176 биле на апарати за дишење. Починале 45 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 223.097 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 4.517 починале. Вкупно закрепнале 213.370 луѓе, од кои 1.025 во последните 24 часа.

Во моментов има 18.272 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 1.102.552 лица, од кои 6.847 во последните 24 часа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.