Во Хрватска вакцинирани околу 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се околу 46 000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“.

Таа потврди појава на силна алергиска реакција кај една личност и изјави дека лекарите подготвени ја пречекале и ја решиле ситуацијата.

Д-р Маркотиќ во ХТВ дневно изјави дека некои несакани ефекти, како што се треска и болка во раката се очекуваат по втората доза на вакцинација, но дека не се регистрирани опасни несакани ефекти за време на клиничката студија или за време на вакцинацијата во земјите каде што повеќе луѓе примиле вакцина.

„Епидемиолошката слика е подобра, но треба да бидеме претпазливи при олеснување на мерките бидејќи се шири нов вид коронавирус“, рече Алемка Маркотиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.