И покрај масовната вакцинација во Србија, расте бројот на заразени

И покрај новите дози вакцини и сè поголемиот број вакцинирани, експертите во Србија предупредуваат на зголемување на бројот на заразени, а кризниот штаб денеска треба до го разгледа работното време на кафулињата и рестораните не исклучувајќи ја можноста за заострување на мерките.

Во понеделникот имало речиси 3.000 заразени, а во вторникот тој број бил 3.257, со 15 смртни случаи. Според најновите резултати, денеска се забележани 3.460 новозаразени и 17 починати. Во последните 24 часа биле направени 15.200 теста.

Според „Нова.рс“, првата доза на вакцината ја примиле 813.266 граѓани на Србија, а втората доза ја примиле 462.578.

Од почетокот на епидемијата во Србија се забележани 4.366 смртни случаи како последица на Ковид-19. На респиратори се 157 лица, а во болниците има 3.727 ковид-пациенти. Од почетокот на епидемијата официјално се потврдени 442.853 случаи на инфекција.

Државниот секретар во српското Министерство за здравство најави заострување на мерките.

„Мора да обрнеме внимание и што побргу да го запреме влошувањето на ситуацијата“, рече Мирсад Џерлек.

Тој, сепак, забележува дека воведувањето полициски час не доаѓа предвид. Мерките што треба да се засилат се оние што се однесуваат на работното време на продавниците и кафулињата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.