Наркобос убиен во центарот на Тирана

Утрово во центарот на Тирана бил убиен 66-годишен маж, за кого тамошните медиуми пишуваат дека бил познат наркобос.

Тој бил убиен со огнено оружје со придушувач, а како што пренесува „ABC Albania“, станува збор за Бехар Суло Софија, кој ѝ е добро познат на полицијата по своите криминални активности.

Тој пред неколку години бил уапсен за шверц на десетици килограми дрога од Турција во Албанија, a бил инволвиран и во инцидент во Драч во 2009 година, во кој биле убиени четворица полицајци.

Полицијата тврди дека неговото убиство било добро организирано и се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.

Истрагата е во тек, а полицијата ги разгледува камерите за надзор поставени во областа каде што се случило убиството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.