Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астразенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астразенека“ во таа земја, пренесува Ројтерс.

Европската комисија и Италија вчера ја блокираа испораката на околу 250.000 дози вакцини на „Астразенека“ во Австралија, бидејќи тој производител не ги исполнил обврските од договорот со ЕУ.

„ Австралија го покрена прашањето пред Европската комисија преку неколку канали и конкретно побара да се преиспита одлуката“, рече австралискиот министер за здравство, Грег Хант.

Тој рече дека Австралија веќе примила 300.000 дози вакцини на „Астразенека“ и додаде дека процесот на вакцинација не е загрозен. Австралија започна со имунизација пред две недели со вакцинирање на медицински работници и постари граѓани со вакцината на „Фајзер“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.