(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирус

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего - четири орангутани и пет бонобо - се вакцинирани против Ковид-19, со што влегоа во историја на медицината, соопштија официјалните претставници на зоолошката градина.

Една од примателите на вакцината е 28-годишна женка орангутан Карен, која во 1994 година била првиот мајмун кој бил подложен на операција на отворено срце. Секое од деветте животни доби две дози од експерименталната вакцина, првично наменета за кучиња и мачки. Ниту еден од мајмуните нема лоша реакција на вакцината и сите се добро, изјави за Ројтерс портпаролката на зоолошката Дарла Дејвис.

Официјалните лица одлучија да ги вакцинираат мајмуните откако во јануари горила во Сафари паркот во Сан Дриго се зарази со Ковид-19, што беше прво познато пренесување на коронавирусот кај мајмуните. Осум горили се опоравија од тогаш и се на пат кон целосно закрепнување, рече Дејвис.

Горилите сега не се вакцинирани затоа што ветеринарите процениле дека нивниот имунолошки систем веќе има развиено антитела за борба против вирусот. Се смета дека горилите биле заразени од асимптоматски работник во паркот.

Орангутаните и бонобосите беа избрани за вакцинирање затоа што беа рангирани во групата на најризични животни.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.