Болсонаро им порача на граѓаните: Престанете да лелекате

Откако во Бразил беше регистриран рекорден број на смртни случаи од коронавирус два последователни дена, претседателот Жаир Болсонарао им порача на граѓаните денес да престанат со лелекање и да продолжат понатаму.

Бразил е на второто место во светот по бројот на жртви на коронавирус, веднаш по САД, наведува „Ројтерс“.

Земјата во моментов се соочува со најлошата фаза на пандемија, а пренатрупаните болници го водат здравствениот систем во колапс, пишува британската агенција.

„Доста беше паника и лелекање, уште колку време можеме да плачеме? Колку долго ќе останете дома додека сè е затворено? Никој повеќе не може да издржи. Жалиме за секој починат, но ни треба решение“, рече Болсонаро пред насобраните на еден настан.

Според објавените податоци на Министерството за здравство, во последните 24 часа се регистрирани 75.102 нови случаи на Ковид-19, што е најголем број на нови случаи за еден ден од јули минатата година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.