Од денеска во германските маркети се продаваат брзи ковид тестови - пет теста за 25 евра

Германските малопродажни ланци „Алди Норд“ и „Алди Суд“ од денеска почнаа со продажба на антигенски тестови за Ковид-19. На купувачите ќе им биде дозволено да купат само едно пакување, со цел да се избегне гужва и што повеќе луѓе да имаат пристап до тестирање.

Кон крајот на февруари, Германскиот федерален институт за лекови и медицински помагала за првпат издаде специјални одобренија за само-тестирање на коронавирус. За сите три производи, примероците се земаат со бриз од предниот дел на носот. Во САД, ваквиот тест беше одобрен за употреба во декември.

Пакетот вклучува пет тестови за бриз од нос, по цена од околу 25 евра за пакување. Од понеделник ќе се продава во аптеките и другите супермаркети, вклучително и „ДМ“.

Тоа е брз тест за антиген кој детектира коронавирусен протеин, за разлика од тестовите за ПЦР, кои бараат генетски материјал на вирусот. Веќе подолго време во аптеките се достапни брзи тестови за коронавирус во Германија и некои други земји, но само со лекарски рецепт и доплата. Продавниците низ Германија, како и „Лидл“ и супермаркетите „Реве“ и „Едека“ објавија дека тестови за коронавирус ќе има и во нивните понуди.

Голем плус за новите брзи тестови е што примерокот може да се земе од предниот дел на носот, така што е прилично лесно да се направи и дома. Тестовите со ПЦР собираат материјал длабоко од носот или длабоко од грлото, за што е потребна поголема стручност.

За брзи тестови не е потребна дополнителна лабораториска опрема, тие се слични на тестовите за бременост. По 15-20 минути, тест лентите покажуваат дали пациентот е позитивен или негативен на коронавирус.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.